Алијансата за Албанците отвори штаб во Чајле и ја претстави програмата

Од:

На отворањето на предизборниот штаб на колацијата Алијанса за Албанците на политичките партии НДП и Унитети, во гостиварското село Чајле, кандидатот за градоначалник Шпат Исеини, пред сопратијците и симпатизерите ја побара поддршката на претстојните избори, за да како што рече излезе вистината за Гостивар.

– Нашата програма не е голема илјадници страници, но е градена на здрава основа бидејќи добрите проекти со добри анализи може да одат напред. Каде и да одиме ќе ја кажеме вистината за Гостивар, демаскирајќи ги сите злоупотреби и лошиот менаџмент. Конкретно таков е и патот Чегране – Тумчевиште за што актуелниот градоначалник се сооучува со обинување за криминал и злоупотреба на оваа инвестиција. На 15 октомври дефинитивно треба да се ослободиме од 20 годишната заложништво на општина Гостивар, рече Исеини.

Тој ги критикуваше неговите противкандидати за кои рече дека се обидуваат да ја сокријат вистината и се трудат да ја добијат довербата, но нагласи дека на народот му е јасно дека ова е само „маска“ и заедно треба да почне со демаскирање на сите манипулации.

Обраќање пред пристните имаше и лидерот на Националната демократска преродба Весел Мемеди.

– Вистината треба да ги осолободи сите, особено гарѓаните на Гостивар. Многумина се трудат да ја прикријат, како што тоа го прават 26 години. Обелоденувањето на висината треба да се направи директно и јавно. Нашите кандидатити за градоначалници тоа знаат и можат да го направат. Само преку нив ќе се дознае вистината, напомена Мемеди.

На собирот се обрати и носителот на листата за членови на општинскиот совет, Љуљета Азири.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

38-годишна жена е повредена во сообраќајка во Гостивар

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии