Кина го ограничува извозот на нафта во Северна Кореја

Од:

Кина соопшти дека ќе го ограничи извозот на нафта за Северна Кореја во согласност со санкциите на ОН воведени поради нуклеарната и ракетна програма на Пјонгјанг.

Пекинг е главен трговски партнер, снабдувач на гориво и дипломатски сојузник на севернокорејскиот режим, коментираат западните медиуми..

Извозот на рафинирана нафта за Северна Кореја ќе биде ограничен на два милиони барели годишно. Продажбата на течен природен гас целосно ќе биде забранета.

Не се познати сегашните кинески резерви на енергија за Пјонгјанг ниту колку ќе бидат намалени.

Од 1 октомври, Пекинг целосно го забрани извозот на рафинирани нафтени продукти од КНДР.

Кина, исто така, го забрани увозот на севернокорејски текстил од КНДК, соопшти кинеското Министерство за трговија.. Забраната во сила влегува веднаш.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он