Средба Груби-Пејовиќ: Поддршка од Црна Гора за интегративните процеси на Македонија

Од:

Претседателот на собраниската Комисијата за европски прашања Артан Груби оствари средба со министерот за европски прашања и шеф на преговарачкиот тим за членство на Црна Гора во Европската унија Александар Андрија Пејовиќ.

Груби на Пејовиќ му го честита приемот на Црна Гора во НАТО, при што ја истакна посветеноста на земјата кон интегративните процеси, за што постои надпартиска и политичка определба.

Во таа насока, информира за последните случувања во земјата и тоа за неодамна потпишаниот Договор за добрососедски односи со Бугарија, за реализираните задачи во рамките на Реформскиот план на Владата, имплементацијата на нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор, напорите за решавање на спорот со името, како и за активностите за реализирање на фер и демократски локални избори, кои треба да се одржат на 15 октомври.

Груби информирајќи за работата и надлежностите на Комисијата за европски прашања нагласи дека настојува сите одлуки Комисијата да ги донесува со консензус.

Министерот Пејовиќ ја истакна поддршката на Црна Гора за интегративните процеси на земјата при што ја изрази својата подготвеност, како шеф на преговарачкиот тим за членство на Црна Гора во ЕУ да ги споделува корисните искуства и практики, кога Македонија ќе ги отпочне преговорите за ЕУ членство.

Би можело да ве интересира

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Поради пожар во Њивице во близина на Херцег Нови, туристите се евакуираат од хотелот со бродови

Србинка е уапсена во Црна Гора – возеше 202 км на час

А1он

Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари

Голем пожар во близина на Подгорица, спасени се 100 куќи

Црна Гора: Србија го прекрши духот на добрососедските односи, бараме итно објаснување