Умре најстарaта панда во светот

Од:

Најстарата панда во светот, 37-годишната Баси, умре, соопштија нејзините старатели во кинеската југоисточна покраина Фузхоу.

Баси го достигна екививалентот на возраста од сто човечки години.

Кинеската државна телевизија вчера во живо ја пренесуваше комеморацијата за Баси.

– Со тажно срце објавуваме дека големата панда и ѕвезда Баси угина во осум часот и 50 минути на возраст од 37 години. Беше ангел на пријателството во земјата и во странство, изјави претставник на истражувачкиот центар за панди во Фузхоу, каде Беси претстојуваше повеќе од 30 години.

Големите панди во Кина се сметаат за национален симбол и се предмет на строга заштита веќе неколку десетлетија. Поради сето тоа, тие денес не се загрозен вид.

Баси го доби своето име според долината во која е најдена.

Пандата беше инспирација за маскотата на првите азиски игри во 1990 година.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он