Најмалку 25 лица, вклучувајќи ученици, загинаа при пожар кој избувна утрово во религиозно исламско училиште во Куала Лумпур.
Информацијата за пожарот била добиена во 05,40 часот по локално време, се наведува во соопштението на малезиската противпожарна служба.
Меѓу загинатите има ученици и учители од образовната институција. Акцијата за спасување продолжува. Телата на жртвите се пренесени во болница.
Засега не се соопштени други детали во врска со инцидентот.