На ИФА саемот во Берлин, „Самсунг“ го претстави својот најнов уред – часовникот „Гир Спорт“.
Направата се одликува со мали димензии, кружен Супер АМОЛЕД дисплеј со 360 х 360 пиксели резолуција и подобрен кориснички интерфејс. Содржи и монитор за работата на срцето, како и целосна ГПС функционалност.
Наменет е за љубители на спорт и рекреација.
Часовниците нудат поддршка за Самсунг ИоТ смартхоум уредите, како и за Самсунг Пеј услугата.