Репрезентациите на Аргенитина и САД ќе играат во финалето на кошаркарскиот ФИБА Америка куп.
Двете селекции ги оправдаа улогите на фаворити за највисик пласман, па вечерва во Кордоба ќе се борат за континенталната шампионска титула.
Американците кои на овој турнир настапуваат со само двајца играчи од НБА лигата, во полуфиналето убедливо со 90-62 ја победија селекцијата на Девствените Острови.
Нивните противници во финалето Аргентинците кои ќе ја имаат и поддршката од домашната публика, за место во финалето се изборија со победата над Мексико со 84-67.
Финалниот меч меѓу Аргентина и САД ќе се игра ноќеска во 2 часот по полнок, а претходно (23:30 часот) за бронзата ќе се борат Мексико и Девствените Острови.