Фудбалерите на Шкендија од Тетово ја потврдија улогата на фаворит во дуелот со Гостивар од Првото коло од Купот на Македонија. Тие попладнево како гости го совладаа Гостивар со 2:0.
Шкендија поведе во 34.минута со голот на Бесарт Абдурахими, а конечните 2:0 ги постави младиот Зејнулаи. Тетовчани на овој натпревар настапија со неколку млади играчи, а дебитираше и новото засилување Џелил Асани.
Последниот натпревар од првото коло од Купот на Македонија се игра утре. Локомотива е домаќин на шампионот Вардар, а почетокот е во 16:30 часот.