Порашениот фудбалер на Барселона, кој што сега настапува за Ал Сад во Катар освоил 1 милион катарски риали (225.000 евра) на лотарија организирана од Доха банк.
Чави во неговата кариера ги има освоено сите трофеи кои што можеше играјќи за Барселона и шпанската фудбалска репрезентација, а сега може да се пофали дека освоил и лотарија.
Доха банк имале организирано наградна игра во која што на еден нивни клиент ќе доделат 1 милиони катарски риали, а на популарниот фудбалер му се допаднала програмата за штедење на оваа банка.
– Воопшто не ја очекував наградата и дојде како вистинско изненадување. Сметката во Доха банк ја отворив во декември минатата година, откако се заинтересирав за програмата за штедење и за наградните игри на банката. Започнав со инвестирање и ја посакував наградата, рече Чави.
Поранешниот шпански репрезентативец во Ал Сад заработува околу 10 милиони евра годишно.