Шефот на турската дипломатија Давут Чавушоглу денеска во Багдад изјави дека во текот на денот на ирачките курдски официјални претставници во Ербил ќе им соопшти дека нивната одлука за свикување референдум за независност е погрешна и дека Анкара од нив очекува да го откажат референдумот, пренесоа британските медиуми.
Чавушоглу ова го соопшти на заедничка прес конференција со својот ирачки колега во Багдад, пред попладнево да го посети градот Ербил, во северен Ирак.
Чавушоглу, исто така, повика на решавање проблемите меѓу раководствата на автономниот регион на Ирачки Курдистан и Багдад во рамки на почитувањето на територијалната целост на Ирак, соошти весникот „Хуриет дејли њуз“.
-Ние веруваме дека проблемите меѓу Ербил и Багдад треба да се решат во рамки на (почитување) на границите и територијалната целост на Ирак, рече Чавушоглу.