Заев в сабота во Драч на неформална средба на премиерите од Западен Балкан

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев на 26-ти овој месец ќе учествува на неформалната средба на претседателите на влади на земјите на Западен Балкан посветена регионалната интеграција, што ќе се одржи во Драч, Албанија, соопшти владината прес-служба.

Покрај премиерите на државите од регионот, ќе учествуваат и комесарот проширување на Европската унија Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.

На средбата во Драч, чиј домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он