Согласност за градинка во Општина Зрновци

Од:

Членовите на Советот на општина Зрновци на денешната седница донесоа едногласна одлука за формирање правен субјект Детска градинка во општина Зрновци. Со ова советниците дадоа зелено светло за основање на градинката како и донесување на сите правни акти поврзани со неа.

– По упатеното барање до Министерството за труд и социјална политика за добивање на употребна дозвола за објектот, добиено е потребното одобрение и затоа почнавме со изготвување акти за да ја официјализираме работата на овој доста значаен објект за општина Зрновци и населените места во неа, соопшти општинскиот Совет.

Новата градинка во општина Зрновци е лоцирана на влезот во населбата на магистралниот пат Зрновци – Кочани, се простира на површина од 420 метри квадратни и располага со капацитет за 50 до 80 деца.

Изградбата на градинката општината ја чини 230.000 евра. Финансиските средства се обезбедени од ИПА-програмата за рурален развој. Набавката на опремата и целосното опремување е обезбедено со средства од Министарството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Новата градинка во Зрновци ќе биде олеснување за младите семејства во оваа рурална општина, бидејќи засега 30-ина деца секојдневно се носат на згрижување во градинката во Кочани.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во Зрновци се роди во октомври

Катерина Ѓуровски

Загина 17-годишен мотоциклист од Зрновци

Жарко Настоски

Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Ана Ололовска

Дезинфекција на јавните површини и дворовите во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

Ана Ололовска

Три проекти се реализираат во Карбинци и Зрновци преку Програмата за рамномерен регионален развој

Драган Поповски

Пендаровски во Зрновци: Ја отворивме вратата кон деморатскиот свет, да продолжиме заедно напред, за младите да останат тука