САД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е пример за мирно решавање на проблемите

Од:

Американскиот Стејт департмент го поздрави потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, оценувајќи го како пример за мирно решавање на проблемите меѓу соседите.

– Соединетите Држави им честитаат на Бугарија и на Македонија за потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Овој важен, перспективен договор ги признава веќе воспоставените силни врски меѓу двете земји и ја отвора вратата за уште поблиска соработка во различни области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и економски развој во поширокиот регион и нуди охрабрувачки пример за тоа како разликите меѓу соседите може да се решат мирно, се наведува во соопштението од Стејт департментот на САД.

Би можело да ве интересира

„Блумберг“: Иран уништи голем дел од американската флота на беспилотни летала

Цените на нафтата паднаа по објавувањето на договорот меѓу САД и Иран

ВИДЕО: Куба „експлодираше“ по потегот на Америка

Иран и САД сè уште не постигнаа договор, но разликите се намалија

Американците ја предупредуваат Европа: НАТО можеби нема да ве спаси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени нови снимки за НЛО во САД

Горан Наумовски