Репрезентациите на Австрија и на Франција се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство во фудбал за жени што се игра во Холандија.
На дуелите од 3. коло од групата Ц одиграни синоќа дебитантот на шампионатите Австрија ја совлада селекцијата на Исланд со 3:0, додека Франција одигра нерешено со Швајцарија 1:1. Со освоениот бод Франција го обезбеди второто место во групата.
Австрија заврши со 7 бодови, Франција има 5, Швајцарија 4, Исланд е без бодови.
Вечерва се играат натпреварите од 3.коло од Д групата: Португалија – Англија и Шкотска – Шпанија.
Табела во групата Д: Англија 6 бодови, Шпанија 3, Португалија 3, Шкотска 0.