Екологисти од Кавадарци учеа да градат куќа од еколошки материјали

Од:

Екологисти од Кавадарци учеа да градат куќа од еколошки материјали во рамки на меѓународен проект во Србија, беше речено на денешното одбележување седум години од постоењето на еколошкото друштво „Еко-живот” од Кавадарци.

Споделувајќи ги искуствата со останатите членови на регионалниот еколошки центар, член на Движењето на екологистите на Македонија Славица Саздовска зборуваше за значењето на еколошките куќи кои стануваат тренд во светот.

– Правевме куќа од природни материјали како што се слама, трски и кал. Целта беше намалување на органскиот отпад во природата, рече Саздовска.

Освен неа, во изградбата на еко куќата учествуваа и Сара Саздовска и Сузана Плачкова, архитект, која проговори за атрактивната куќа од стручен аспект, задржувајќи се на материјалите и начинот на градба.

Претседателот на „Еко-живот” Роберто Паризов изрази надеждека ќе се зголеми јавната свест за еколошките тематики и затоа, рече, се бираат вакви проекти.

– Го одбележуваме крајот на трите Еразмус програми испланирани за јули. Наши претставници од Кавадарци беа испратени на едукативни тренинзи за размена на искуства и слични програми кои друштвото ги работи повеќе години, истакна Паризов.

Владимир Маневски беше еден од претставниците на проектот за редуцирање, реупотреба и рециклирање на општествените добра, кој се реализираше во Романија.

– Целта од организирање ваков настан е да се запознаат младите со реупотребата на општествените добра, и со начинот на рециклирање, нагласи Маневски.

Александар Тефов, еден од учесниците во проектот „Енергијата на природата”, информираше за активностите во Хрватска и настапот на македонските претставници со изградба на соларен колектор за топла вода.

Паризов го најави и следниот меѓународен еколошки проект на кој ќе учествуваат, а ќе се реализира во Турција. Нагласи дека изминатите години зад нив стојат голем број еколошки акции, семинари, едукации, работилници, учество на општински државни и меѓународни активности, како и соработки со училишта.

– Екологијата е главен двигател за зачувување и подобрување на човековата околина, како и подигнување на јавната свест, додаде Паризов.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата