Иванов ја повика Владата јавно да го објави договорот со Бугарија

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ја повика Владата да го објави и образложи текстот на договорот за добрососедство со Бугарија пред неговото потпишување.

Иванов смета дека отсуството на транспарентност предизвика негативни коментари и загриженост во јавноста која треба да се надмине со објавување на текстот на договорот пред неговото потпишување.

„Претседателот Иванов потенцира дека секогаш треба да се имаат предвид националните и државните интереси на Република Македонија и дека кој било меѓудржавен договор не смеe да бидe на штета на македонските национални интереси“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Иванов вчера оствари средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров, на која беше информиран за последната нацрт-верзија на договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија.

Во соопштението се додава дека претседателот Иванов, како досега, така и во иднина, ќе продолжи со ангажман во процесите на помирување и решавање на спорните прашања на мирен начин и преку политички дијалог во согласност со меѓународното право и добрососедските односи со цел да се постигнат праведни и фер решенија врз основа на принцип на заемно почитување и поддршка и воздржување од мешање во внатрешните работи на државите. Иванов ги поздравува волјата и ангажираноста на сите што во изминатиот период беа вклучени во напорите за усогласување на договорот меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп