Во судир меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град на Мароко, Рабат повредени се најмалку 83 лица.
Судирот се случил за време на протестот организиран поради нееднаквоста и корупцијата во земјата.
Протестот и покрај забраната се одржа, а интернетот со часови не работеше. Полицијата употреби солзавец за растерување на демонстрантите.