Американското Федерално истражно биро (ФБИ) посетува и испитува руски државјани што живеат и престојуваат во САД, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на својот профил на Фејсбук.
– Од мој познаник што живее во САД дознав дека нив и нивни роднини ги посетил ФБИ. ФБИ ги испитувал за Русија, напиша Захарова.
Според Захарова, Русите кои биле посетени од агенти на ФБИ се „во шок“.
– Ова нема да остана на само на тоа. Мислам дека се подготвува голема политичка бура, напиша Захарова.