Жена во американската сојузна држава Мичиген прогласена е виновна за убиство на сопругот, а случајот привлече внимание кај медиумите, затоа што сведок на злосторството бил папагал.
Глена Дурам пет пати пукала во својот сопруг Мартин, а потоа се обидела да се самоубие.
Папагалот од тогаш често ги повторува зборовите:„Не пукај“, тврди семејството на убиениот сопруг.
Судијата на самиот почеток на процесот ја разгледа можноста дека користи „докази“ од папагал, но од тоа отстапи, јави Би-Би-Си.
Поротата ја прогласи Глена која сакала да направи самоубисто за виновна и таа чека изрекување на висината на казната. Нивниот домашен миленик остана кај родителите на убиениот, кои велат дека животното очигледно присуствувало во конфликтот и ги запомнило зборовите кои биле користени пред крајот на крвавиот конфликт.
– Јас сум уверен дека бил присутен и затоа ги повторува тие зборови кои ги слушнал, рече таткото на убиениот кој многу бил поврзан со папагалот.