Мајмун остави без струја 50.000 луѓе во Замбија

Од:

Еден бабун во јужниот дел на Замбија толку многу се заинтересирал за каблите во една електрана, поради што без струја остави 50.000 луѓе во регионот, јави Би-Би-Си.

Имено, мајмунот предизвикал прекин на електричната енергија кога се качил над електраната и почнал да ги влече каблите.

– Бабунот го преживеа силниот електричен удар, кој би убил човек, изјави портпаролот на електраната Хенри Капат, додавајќи дека во таква ситуација човек ако преживее би одговарал пред суд.

Капат наведе дека една организација за заштита на животните го спасила мајмунот и тој моментно се опоравува од „сериозните повреди“.

Електраната се наоѓа во замбискиот туристички град Ливингстон каде вообичаено дивите животни слободно се движат поради близината на националниот парк.

Снабудувањето со електрична стурја во меѓувреме повторно е воспоставено во Ливингстон и околината. Во сличен инцидент минатата година еден мајмун предизвика прекин на струја во цела Кенија.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он