Црвен крст Кавадарци подели флаери за однесување при топлотни бранови

Од:

Флаери со информации за тоа како населението треба да се однесува при топлотни бранови им поделија денеска волонтери на Црвениот крст на случајните минувачи во централното градско подрачје на Кавадарци.

Секретарот на Општинската организација на Црвен крст Розе Илова, информираше дека целта е кавадарчани да имаат повеќе информации, за тоа како најдобро да го поминат периодот на пеколни горештини.

– Имаше голема заинтресираност за оваа актуелна тема, беа поставувани прашања за тоа како луѓето да се заштитат и како да постапат при главоболка, интензивна жед, вознемиреност и слично. Волонтерите укажуваа да не се излегува надвор од 10 до 17 часот ако не е неопходно и да се избегнуваат спорт и физичко рекреативни активности во тој период, соопшти Илова.

Таа нагласи дека и во иднина како и досега, оваа хуманитарна организација ќе работи на хуманоста, но и на превентивната едукација, со цел подобар живот за сите.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата