А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Борисов: Во интерес на Бугарија е стабилна Македонија со јасна евроатлантска перспектива

by А1он08/07/2017 - 21:27248
Share0

Во интерес на Бугарија е Република Македонија да биде стабилна, единствена, независна држава со јасна евроатлантска перспектива, која поминува низ зближувањето на двете земји и откажувањето од антибугарската реторика, која се случуваше последните неколку децении.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го истакнува бугарскиот премиер Бојко Борисов во одговор на писмо на претседателот на опозицискара Бугарска социјалистичка партија Корнелија Нинова во однос на договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Република Македонија, соопшти прес-службата на Бугарската влада, пренесува БТА.

– На наша иницијатива, ситуацијата со текот на преговорите за предлог – договорот, како и самиот предлог – договор беше претставен и детално објаснет на седница на Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на 5 јули, 2017 година поради финализирање на конечниот текст на договорот, посочува Борисов. Тој додава дека тоа е без преседан, бидејќи според Уставот на земјата, Народното собрание се запознава со текстот на договорот веднаш по неговото потпишување, кога ќе дојде на ратификација во Парламентот.

Борисов меѓу другото истакнува дека преговорите со Република Македонија за склучување на договорот за пријателство, соработка и добрососедство се водат интензивно од 2008 година и оти до овој момент се реализирани 11 круга на преговори на експертско ниво, а повеќе пати договорот бил разгледуван и на ниво на министри за надворешни работи, односно премиери.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Во сите тие години, независно од политичката припадност на владата, која ги водела преговорите, бугарската страна во континуитет опстојувала на едни и исти позиции во бугарски интерес, вели Борисов.

Тој додава дека целта на договорот е освен реафирмација на Заедничката декларација потпишана во 1999 година од Владата на Иван Костов, двете земји да ги унапредат своите односи и да го потврдат својот политички ангажман во меѓународноправен документ.

borisovbugarijavlada

Би можело да ве интересира

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

Катерина Ѓуровски17/07/2026 - 11:42

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

Горан Наумовски16/07/2026 - 09:05

Радев ја отфрла поканата на Макрон: Бугарија нема да се приклучи на „Коалиција на подготвените“

Горан Наумовски14/07/2026 - 16:20

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Горан Наумовски13/07/2026 - 22:40

Србин убиен во Бугарија – неговото тело е пронајдено покрај камион

А1он10/07/2026 - 20:56

Нов бран закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани се судовите и јавните институции

Горан Наумовски07/07/2026 - 15:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео