Средба на вицепремиерот Османи со хрватската амбасадорка Баришиќ

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Данијела Баришиќ на која ја информираше за Планот 3-6-9 што беше презентиран вчера за прв пат во јавност, а во кој се нотирани реформските приоритети на Владата за откочување на евроинтегративните процеси.

– Имаме реформска Влада, која уште од самиот почеток се посвети на спроведувањето реформи и прифаќање на сите забелешки и препораки од страна на Европската унија и релевантните документи кои ги нотираат состојбите во Македонија, истакнал Османи на средбата.

Тој, информираат од СЕП, направи и осврт на меѓусебната соработка, потсетувајќи на многубројни активности за размена на искуства меѓу двете земји, од кои како една од најзначајните го оцени неодамнешниот твининг проект за зајакнување на механизмите за ЕУ координација. Исто така, во духот на долготрајното пријателство, Османи побара и поддршка од Хрватска за европските аспирации на Република Македонија.

– Хрватска, како земја-членка на ЕУ и земја од регионот, има посебен интерес од зачленувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, а како наш пријател, очекуваме да биде земја–лобист за македонските евроитегративни процеси, внатре во Европската унија, посочил Османи

На крајот од средбата, соговорниците се согласиле дека соработката меѓу двете земји е пријателска, но и дека треба да продолжи со поголем интензитет. Хрватска, како најнова земја-членка на ЕУ има најсвежо искуство во процесот на преговарање со Унијата, нешто што може да ѝ биде од голема помош на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хрватското гратче Дрниш под полициска опсада, потрага по бруталниот убиец

Катерина Ѓуровски

Убиство во Хрватска: 19-годишник му доставил храна, убиецот го застрелал и побегнал

Пукање во Хрватска: Убил шеф на полиција, па пукал во себе

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

ВИДЕО: Струмичанец е каминоџијата кој загина во несреќата во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам