Отешево домаќин на Триатлон првенство – ПРЕСПА 2017

Од:

Општина Ресен и Триатлон Федерација на Македонија утре (24 јуни) по втор пат ќе организираат спринт триатлон во 11 категории.

– Среќни сме што имаме голема поддршка и помош од Градоначалникот Ѓоко Стрезовски од Општина Ресен, Македонски Олимписки Комитет, Агенција за млади и спорт, „Пелистерка“ и локалните спортски здруженија. Отешево е прекрасен предел за организација на триатлон натпревари и сите услови се исполнети. Посакуваме публика и медиуми како јавноста би видела дека триатлонот како Олимписки спорт е вистински предизвик за најсилните, соопштија организаторите.

Спринт дистанцата се состои од 750 метри пливање, 20километри велосипедизам и 5 километри трчање. Мерењето на време ќе биде електронско.

Се очекува на триатлонот учество да земат преку 60 натпреварувачи од Македонија, САД и Србија.

Натпреварот ќе започне во 10 часот во Отешево во одморалиштето „Лејк Вју“.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

280 учесници на Stopanska Triogy Triathlon 2023 утре во Скопје

Ана Ололовска

Димовски победник на Белградскиот спринт триатлон

Ана Ололовска

Игор Димовски добитник на наградата „13 Ноември“

Катерина Ѓуровски

Британки суспендирани од селекцијата за Олимпијадата затоа што целта на триатлон трка ја минале држејќи се за раце

А1он

Европски јуниорски триатлон куп викендов во Охрид