Игор Димовски добитник на наградата „13 Ноември“

Од:

Сојузот на спортови Скопје, традиционално, и годинава ја додели наградата 13 Ноември. На предлог на Комисијата и со одлука на Управниот одбор на Сојузот, наградата 13 Ноември во категоријата спортисти, се доделува на Игор Димовски, македонски шампион во триатлон, со забележителни резултати на меѓународни триатлон натпревари и за препливувањето на Ламанш.

Наградата Спортски работник се доделува на Александар Петровски, познат репрезентативец, спортски работник, тренер во ракометниот спорт, директор на спортски центар “Борис Трајковски”.

Сојузот на спортови на Скопје ја доделува наградата Спортски работници за Животно дело на примариус д-р. Нада Темелкоска, спортски лекар во заводот за спортска медицина, Ристо Петров, спортски работник, тренер и дел од градскиот кугларски сојуз и во Кугларската федерација на Македонија, Петар Шумановски, еден од главните носители на стрелачкиот спорт во Скопје и Mакедонија и на Марјан Начевски, ракометен спортски работник, судија и делегат.

Наградата 13 Ноември за помагање, и поддршка на спортски натпревари и настани припадна на Дејан Трајковки началник во МВР, за особен придонес, помош и поддршка на организацијата на програмите на сојузот и воопшто на спортот, особено атлетските улични трки и ВИЗ ЕР Скопски маратон, Скопје трча 10 к. Женска трка, Скопје на Точак, велосипедски активности, училишниот спорт и секаде каде што треба поддршка и помош од страна на полицијата во организацијата на спортот.

Сојузот на спортови на Скопје наградата 13 Ноември за особени заслуги во развојот и унапредувањето на спортот и спортската рекреација во Скопје, ја додели на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за особени заслуги за поддршка и помош што ја дава за развој и унапредување на спортот и спортските активности во Град Скопје.

Од Сојузот на спортови Скопје се надеваат дека наредното доделување на наградите 13 Ноември ќе се одвива во здравствено безбедносна состојба, без пандемија и со многу спортски случувања.

Би можело да ве интересира

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Ана Ололовска

280 учесници на Stopanska Triogy Triathlon 2023 утре во Скопје

Ана Ололовска

„Спорт за сите“ – Спортски саем во Скопје

Ана Ололовска

Препорака до радиодифузерите најдоцна до 31 декември да воведат коментирање на македонски и на албански јазик

А1он