Јужноафриканскиот Уставен суд дозволи Парламентот на земјата да одржи тајно гласање за доверба на претседателот Џејкоб Зума.
Со пресудата која би можела да значи отворање постапка за отповикување на шефот на државата, Спикерот на Парламентот има право да определи ваков систем на гласање, наместо вообичаеното јавно изјаснување на пратениците, кога станува збор за гласањето за доверба.
Опозицијата го поздрави решението на Уставниот суд, оценувајќи дека во услови на тајно гласање, може да се случи и пратениците од владеачката партија Африкански национален конгрес (АНЦ) да гласаат за отповикување на претседателот кој е избран од нивните редови.
Посматрачите во Преторија, според локалните медиуми, проценуваат дека одлуката на Уставниот суд го засилува притисокот врз Зума кој се сомничи за корупција и за злоупотреба на буџетските фондови
Парламентарниот Спикер досега тврдеше дека тој нема овласување за да самиот одлучи , како ке се гласа по ова прашање, па затоа редовно ги отфрлаше барањата на опозиција за тајно гласање.
Тој е од редовите на АНЦ и е еден од влијателните партиски функционери, но се очекува во скоро време да го стави на тајно гласање прашањето за довербата кон јужноафрикаскиот претседател.
Опозицијата верува дека Зума „конечно би можел да биде сменет од функцијата„ повикувајќи се на големото незадоволство од претседателот што постои и во редовите на неговата АНЦ партија.
Џејкоб Зума на неколкупати досега се соочуваше со гласање за доверба, но сите обиди на опозицијата да се смени, не успеаја поради мнозинството што партијата го има во Парламентот.