Еден Швајцарец мора да плати казна, затоа што преку Фејсбук го предупредил другите возачи дека во една улица има полициска контрола.
Полицијата, како што објави швајцарскиот печат, поднела пријава против корисникот на Фејсбук поради оваа „возачка солидарност“.
Тој негираше дека сторил прекршочно дело, но Судот во Санкт Гален го прогласи за винивен и му ја изрече парична казна од 200 швајцарски франци.
Судот објасни дека возачот е казнет затоа што „јавно предупредување за сообраќајјната контрола е забрането од 2013 година“.
Казнетиот возач предупредувањето го објавил во група на Фејсбук која има околу 30.000 членови.