Судот во Алжир осуди на две години затвор маж бидејќи фотографирал како го држи своето дете надвор од прозорецот на 15. кат држејќи го само за неговата маица.
Во објавата на фејсбук тој напишал „1.000 лајкови или ќе го пуштам“, обидувајќи се да се нашали додека детето му виси над асфалт од 15 .кат.
Тој е уапсен и осуден, а негов роднина во одбрана на човекот тврди дека детето не било изложено на опасност бидејќи сликата била направена на тераса, која што не се гледа на сликата.