Средба на Шекеринска со евроамбасадорот Жбогар

Од:

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар.

На средбата Шекеринска се заблагодарила на ангажманот на мисијата на Европската унија за време на кризниот период и за континуираната поддршка.

– И покрај сите предизвици со кои се соочивме изминатиот период, охрабрува што земјата успеа да се придвижи напред. Се наоѓаме во ситуација во која се што ќе направиме на фронтот кон ЕУ ќе ни помогне за интеграција и во НАТО, порачала министерката.

Амбасадорот Жбогар, го поздравил видливиот оптимизам по воспоставувањето на новата Влада и нагласил дека прашањето за европската одбрана станува се поважна тема во ЕУ.

Жбогар ја истакнал улогата на Армијата на Република Македонија во справувањето со мигрантската криза за која нагласил дека претставува заедничко прашање. Тој изразил надеж дека Собранието на Република Македонија ќе донесе одлука за продолжување на мандатот на Армијата на јужната граница.

Би можело да ве интересира

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Предупредување од ЕУ: Можен е недостиг на гориво

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Дмитриев: Европејците ќе ги паметат одлуките на русофобичните Урсула и Каја

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина