Ворнер: Трамп му се закани на Коми со отказ, ако не ја прекине истрагата

Од:

Лидерот на демократите во Комитетот за разузнавачки работи на американскиот Сенат, Марк Ворнер истакна денеска дека во изјавата, која отпуштениот директор на ФБИ, Џејмс Коми му ја предал на Комитет во пресрет на денешното сведочење се наведува дека претседателот на САД, Доналд Трамп изгледа му се заканувал на Коми дека ќе остане без работа.

Во текстот на воведниот говор, со кој Ворнер денеска ќе се обрати до Комитетот, се наведува дека Трамп од Коми барал прекин на истрагата против својот висок советник, со што ги прекршил прецизно дефинираните насоки, чија цел е спречување на политичкото мешање во истрага на ФБИ.

– Сведочењето на господинот Коми, кое е предадено за денешното сослушување е вознемирувачко, се наведува во текстот на обраќањето на Ворнер.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија