Израел разочаран, Палестинците задоволни од одлуката на Трамп за амбасадата во Тел Авив

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави оти Израел е разочаран од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го пролонгира дислоцирањето на американската Амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

– Држењето на амбасадата надвор од престолнината го оддалечува мирот, бидејќи на тој начин се одржува во живот фантазијата на Палестинците дека еврејскиот народ и еврејската држава не се поврзани со Ерусалим, се наведува во соопштението од израелската Влада.

Од друга страна, палестинските лидери ја поздравија одлуката на Трамп оценувајќи ја како „можност за мир“.

– Тоа е во согласност со долгогодишната американска политика и меѓународниот консензус и дава можност на мирот. Подготвени сме да почнеме консултации со американската администрација. Сериозни сме и искрени за постигнување на траен мир, изјави палестинскиот амбасадот во САД, Хасан Зомлот.

Странските амбасади имаат претставништва во израелската трговска престолнина Тел Авив откако Израел прогласи контрола над цел Ерусалим. Израел го окупира источниот дел на Ерусалим и Западниот Брег во 1967 година, но меѓународната заедница никогаш не го призна.

Доналд Трамп денеска привремено се откажа од законот со кој е предвидено Амбасадата на САД во Израел треба да се дислоцира од Тел Авив во Ерусалим.

Трамп се уште размислува дали ќе го исполни своето изборно ветување и Амбасадата на САД ќе ја префрли во Ерусалим.

Тој до денеска имаше рок да одлучи дали Амбасадата останува во Тел Авив.

Би можело да ве интересира

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор