Претставништвото на Европска унија во Кабул е целосно подготвено да им помогне на земјите-членки, чии дипломатски мисии и претставници се засегнати од денешниот напад, се наведува во изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
– Нападот е извршен во светиот месец Рамазан, кога поголемиот број Авганистанци се посветиле на молитва. ЕУ исто така се моли и заеднички со Авганистанците се надева на мир и продолжува да работи во таа насока, истакнува Могерини.
Таа додава дека ЕУ ги поддржува сите чекори за постигнување на мир и помирување, а авганистанските институции да продолжат да работат бидејќи тие се од најголемо значење за стабилноста на земјата.
Во меѓувреме, генералниот секртетар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди нападот во Кабул. Тој додаде дека Алијансата го поддржува Авганистан во борбата против тероризмот.
Од Мисијата на НАТО во Кабул соопштија дека нападот покажува дека терористите не ги штедат животите на цивилите.
Во денешниот напад во Кабул загинаа најмалку 90 луѓе, а 380 се повредени.