Долго најавуваниот „Самсунг Галакс Ноут 8“ ќе биде уште поголем од телефонот „Галакси С8+“, соошти извир во компанијата.
Се очекува новиот модел на „Самсунг“ со неверојатен 6,3-инчен екран да биде достапен во текот на ова лето.
За моделот С8+ се смета дека има непотребно голем екран од 6,2 инчи, поради што изненадија најавите дека моделот „Ноут 8’ ќе има уште поголем дисплеј.
Според изворот, цел на оваа одлука е идејата на „Самсунг“ да ја врати довербата во брендот „Ноут“ по ланската катастрофа со моделот „Ноут 7“.