Клучни барања на ЕУ за сметката за Брегзит и правата на граѓаните

Од:

Европска комисија денеска ги објави клучните барања за уредување на финансиските прашања и права на граѓаните по излегувањето на Велика Британија од Европска унија.

ЕК наведува дека финансиските обврски што произлегуваат од членството на Велика Британија во ЕУ се однесуваат на 74 органи на Унијата и сите сметки треба да бидат подмирени.

ЕК не ја прецизира конечната сметка за Брегзит, но пресметките се однесуваат за периодот по излегувањето на Велика Британија.

Помеѓу обврските се и финансирање на Европската инвестициска банка, потоа делот на Велика Британија за финансирање на договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција и финансирањето на учителите во европските училишта.

Што се однесува до правата на граѓаните, ЕУ бара британските граѓани во Унијата и граѓаните на ЕУ во Велика Британија да имаат право да добијат постојан престој, согласно законот од непрекинат период од пет години.

ЕК, исто така бара Судот на ЕУ да има целосна јурисдикција за правата на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС