Откриена биста на бранителот Бобан Ивановиќ во Стајковци

Од:

На плоштадот во Стајковци, општина Гази Баба денеска беше откриена бистата на Бобан Ивановиќ, припадник на Единицата за брзо распоредување, кој загина 2015 во вооружената престрелка во Куманово, во одбрана на Република Македонија.

Како што соопшти општина Гази Баба, за Ивановиќ како родител, сопруг, син, брат, другар, професионалец во својата работа и почитуван жител во своето населено место, зборуваа секретарот на месната заедница Стајковци, Тони Бојковски и претставникот од општина Гази Баба, Тодор Петров.

Бистата на Бобан Ивановиќ ја открија градоначалникот Тони Трајковски, заедно со сопругата на Бобан Ивановиќ и неговата внука Бобана. Цвеќе пред неговиот споменик положија членови на неговото семејство, делегација од општината, другарите од Единицата за брзо распоредување, претставници од урбаната заедница и од ОУ „Кирил и Методиј“, претставници од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба, членови на Здружението на Бранители на Македонија 2001, претставници од УЗ Хиподром, роднини, другари и пријатели.

Покрај Бобан Ивановиќ својот живот во одбрана на Македонија во 2015 година во Куманово го дадоа и Жарко Кузмановски од Брвеница Тетово, Ненад Серафимовски од Зубовце Гостивар,Сашо Самојловски од Брвеница Тетово, Горан Илиевски од Гостивар, Исамедин Османи од Студеничани Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје и Горан Стојменовиќ од Инџиково Скопје.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за убиецот од Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за двојниот убиец од скопското село Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

Без вода утре неколку улици во Сингелиќ и Стајковци

А1он

Стајковци денеска без вода

Ана Ололовска

Асфалтирана улицата „Антон Велковски“ во Стајковци

Наум Локоски