ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

„Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди. Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски

Убиство во Топанско Поле

Зејнелов го призна убиството на Емилија Пешева, семејството и обвинителот бараат доживотен затвор

Катерина Ѓуровски

Обвинителството: Скопјанец со сатар тепал познаник, го грабнал и му се заканувал дека ќе го убие