ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Од:

Општина Гази Баба утре ќе одржи комеморативен настан посветен на одбележувањето на 10-годишнината од катастрофалните поплави од 2016 година во Стајковци и други населени места и Сингелиќ, во кои загинаа 22 лица. На настанот ќе им биде оддадена почит на загинатите и ќе биде испратена порака дека споменот, солидарноста и одговорноста се трајна обврска.

– Поминаа 10 години од катастрофалната поплава која на 6 август 2016 година ја погоди Општина Гази Баба и однесе човечки животи, зад себе оставајќи неизмерна болка, уништени домови и семејства кои засекогаш останаа без своите најмили. Денес, со длабока почит и пиетет, се поклонуваме пред споменот на сите оние кои трагично ги загубија своите животи. Нивниот спомен ќе остане вечен, а нивната судбина засекогаш ќе нè потсетува колку е непроценлива вредноста на човечкиот живот – посочуваат од Општина Гази Баба.

Од Општината изразуваат искрена благодарност до сите кои во тие тешки денови покажале несебична хуманост и солидарност.

– Благодарност до спасувачките служби, припадниците на Армијата и Министерството за внатрешни работи, пожарникарите, Црвениот крст, здравствените работници, институциите, доброволците, хуманите граѓани и сите кои без двоумење подадоа рака кога беше најпотребно. Трагедијата од 2016 година покажа дека и во најтешките мигови нашите граѓани знаат да бидат едно. Таа солидарност, човечност и меѓусебна поддршка остануваат најголемата сила на нашата заедница – наведуваат од Општината.

Оттаму наведуваат дека продолжуваат да вложуваат во превенција, безбедност и инфраструктура, со цел никогаш повеќе да не се повтори ваква трагедија и да биде изградена уште посигурна и поотпорна општина за идните генерации.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

Почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев

Пожарот во Лакавичкиот регион се движи во насоки кон викендици и планината Серта

Пет активни пожари низ државата