Фејсбук страницата „Богатите деца на Лондон” со луди идеи и снимки постојано ја изненадува јавноста. Овој пат, внимание, но и гнев, привлече една видео снимка на која богато момче со малтезер го чисти својот Масерати.
„Само со сто процентно крзно на мало куче може да се исчисти автомобилот” – стои во описот на видеото.
Снимката ги разлути корисниците на социјалните мрежи, но и многу претставници на организации за заштита на животни, па многу брзо била отстранета од страницата.
Админот на страницата рекол дека се работело за мала шега и дека кутрето не е повредено, како и дека на снимката се гледа дека е среќно, бидејќи мафта со опашката. Сепак, љубителите на животни ова го означија како многу навредливо. Инаку, страницата ја креирал продавач на луксузни недвижнини за богати клиенти за да покаже како живеат неговите пријатели, соработници и познати луѓе во Британија.