Марјан Лазовски повеќе не е тренер на Работнички откако челниците на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб одлучиле да му се заблагодарат за соработката по поразот од Кожув на домашен терен.
Променливите игри и резултати го турнаа тимот од Градски парк на 6. позиција на табелата со 12 бода по 8. кола, по што во прашање е освојување на едно од првите пет места кое водат во Суперлигата.
Веста за отказот на поранешниот селектор ја потврди спортскиот директор Дејан Јовановски. Привремено решение за тренерската функција ќе биде Влатко Владичевски, а паузата во шампионатот челниците на клубот ќе ја искористат за пронаоѓање на нов стручњак.