Филип Лам и Чаби Алонсо ги завршија нивните професионални кариери

Од:

Денеска се одигра последното коло од Бундеслигата, каде што Баерн по 27. пат и 5. пат по ред ја освои титулата, а денешниот натпревар против Фрајбург беше и опростување од професоналниот фудбал за две легенди.

За капитенот на германскиот тим Филип Лам и поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алснсо денешниот натпревар беше нивниот последен пред повлекувањето од фудбалот.

Филип Лам скоро целата своја професионална кариера ја помина во Баерн Минхен, со исклучок на двегодишната позајмица во Штутгарт. Во баварскиот тим Лам прересна во вистинска легенда, освојувајќи осум титули во Бундеслигата, шест титули во Германскиот Куп и една титула во Лигата на Шампионите.

Поранешниот капитен на Германската репрезентација, го водеше националниот тим и до титулата на Светското првенство во 2014. година во Бразил, по што ја заврши неговата репрезентативна кариера.

Интересен податок за Лам е што и покрај тоа што скоро целата своја кариера ја играше како дефанзивец, нема заработено ниту еден црвен картон.

Чаби Алонсо, за разлика од Лам, низ кариерата играл во неколку големи тимови и низ неговата кариера освоил голем број на титули.

Кариерата ја започна во Реал Сосиедат, каде што за првиот тим одигра 114 натпревари, пред да премине во Ливерпул. Во англискиот тим беше 5 години и за тоа време прерасна во легенда на тимот, играјќи 143 натпревари и освојувајќи ја титулата во Лигата на Шампионите.

Од Ливерпул, во 2009. година се врати во неговата Шпанија, каде што се до 2014. година играше за тимот на Реал Мадрид. За „Кралскиот“ клуб одигра 158 натпревари освојувајќи една титула во шпанското првенство и уште една титула во Лигата на Шампионите.

По неговата втора титула во Лигата на Шампионите премина во Баерн Минхен, каде што во три сезони, освои три титули во Бундеслигата.

Со репрезентацијата на Шпанија, Алосно се закити со две титули од Европското првенство и една титула Светски првак.

Денешниот натпревар на на Баерн Минхен против Фрајбург кој што заврши со резултат од 4-1 беше последен и за резервниот голман на Баерн Минхен, Том Штарке, а баварскиот тим свечено се заблагодари на тројцата играчи.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Алонсо не планира да ја напушти Барселона

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски