Кога станарите на стан на приземниот дел на зградата Вила Магдалена, сместена во бразилскиот град Сао Паоло, се почувствувале по малку клаустрофобично, студиото ВАГА било ангажирано да дизајнира дополнителен простор…
Зградата во која се наоѓа станот е мала, така што архитектонската компанија креирала додаток кој бил единствена опција за да се сместат во него две спални соби, бања и тераса.
Едно од основните барања, покрај проширувањето на просторот да можат да се примат гости, било наоѓање на начин на кој можат да се комбинира дневната со приватните простории, тогаш кога за тоа ќе се укаже потреба. Голема лизгачка, дрвена врата ги затвора собите кога има потреба од приватност, но повторно ги отвора при собирање и заеднички дружби во дневните активности.
Полираните бетонски подови пружаат на ентериерот модерно индустриско чувство и целосно се прилагодени на повремено отворено опкружување. Едноставните скали водат до терасата, која има многу убава градина и пружа неверојатна глетка на градот. Покрај употребата на градината, надворешниот простор на станот исто така нуди дополнителни квадратни метри за забава и одмор на семејството и нивните пријатели.