Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Од:

Гледачите на серијата „Сексот и градот“ наскоро, на платформата „Ер-Би- Ен-Би“ ќе имаат можност да изнајмат стан уреден во стилот „Кери Бредшо“.

dobivaj vesti na viber

Како дел од претстојното продолжение на серијата, насловено „And Just Like That“, Сара Џесика Паркер потпиша соработка со платформата за сместувања и „Ворнер брос“. Имено, на обожавателите им се нуди ноќевање во апартман во населобата Апер Ист Сајд во Њујорк. Резервациите ќе можат да се направат од понеделник, 8 ноември од 12 часот на интернет-страницата.

Само на 12. и 13 ноември гостите ќе можат да преноќат за 23 долари – во чест на 23-годишнината од „Сексот и градот“.

– Ликот на Кери Бредшо ми е многу драг и мило ми е што имам можност повторно да бидам дел од нејзиниот свет. Возбудена сум што нашата публика ќе го доживее Њујорк на Кери како никогаш досега и ќе види како е „да се биде во нејзините чевли“, буквално!, рече Сара.

Во станот има бројни мотиви д главната хероина од серијата, а меѓу нив се лаптоп и стар телефон. Има и ланче „Кери“. Гостите ќе можат да ја носат нејзината облека, вклучувајќи го и здолништето од воведната најава.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска

Лизгачка врата – совршен избор за викендички

Ана Ололовска