Бартомеу: Нема да се прилагодуваме на распоредот на ФИБА

Од:

Претседателот на кошаркарската Евролига, Жорди Бартомеу изјави дека неговата организација нема се адаптира според календарот на Европската кошаркарска федерација (ФИБА) според кој квалификациските натпревари за Светското првенство ќе се играат во текот на сезоната.

– Ние исто како и НБА одамна донесовме одлука по ова прашање. На состанокот пред 18 месеци одлучивме дека нема да учествува во овој проект на ФИБА. Ќе имаме уште еден состанок во јули каде ќе се разговара за распоредот за следната сезона. Можеби ќе им излеземе во пресрет со распоредот во Еврокупот, но со Евролигата ќе биде речиси невозможно. Тоа не може да биде наш проблем, проблемот е во апсурдниот распоред според кој најдобрите кошаркари нема да може да играат, рече Бартомеу.

ФИБА сака слично како во фудбалот, Мундијалските квалификации да се играат во текот на сезоната, наместо пред почетокот на првенствата. НБА тимовите веќе се изјаснија дека нема да ги ослободуваат своите играчи, а според изјавата на Бартомеу, тоа нема да го сторат ниту најдобрите европски кошаркарски екипи.

Би можело да ве интересира

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он