– „Технологијата во облак го помага општеството” е насловен денот на Мајкрософт посветен на НВО секторот, што ќе се одржи денеска на Скопски саем, во организација на Фондацијата Метаморфозис со поддршка на Мајкрософт.
На претставниците на граѓанскиот сектор ќе им биде овозможено да научат повеќе за можностите како да добијат софтверски донации и донација во вредност од 5000 долари на Microsoft Azure од програмата на Мајкрософт за поддршка на граѓанскиот сектор, кој во Македонија и Балканот се спроведува од страна на Фондацијата Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.
Најавено е обраќање на генералниот менаџер на Мајкрософт Македонија Љупчо Георгиев и Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис.