Мајкрософт: Цел на руска информативна шпионажа се 42 земји кои и помагаат на Украина

Од:

Американската информатичка компанија Мајкрософт денеска соопшти дека идентификувала „стратешка шпионажа“ на хакери кои работат за Русија во 42 земји кои ја поддржуваат Украина. Мета на хакерите се државни институции, аналитички центри, компании и хуманитарни организации.

dobivaj vesti na viber

„Од почетокот на војната, таргетирањето (сојузникот на Украина) од страна на Русија беше успешно во 29 отсто од случаите. Руските разузнавачки служби ја засилија пенетрацијата во мрежата и активностите за шпионажа против земјите кои се сојузници на Украина“, рече претседателот на компанијата Бред Смит.

Тој додаде дека при успешни упади, хакерите украле податоци од најмалку 25 отсто од нив.

Речиси две третини од земјите кои се цел на хакерска шпионажа се членки на НАТО. Главна цел беа САД, а потоа Полска. Во изминатите два месеца, шпионажата се интензивираше кон Данска, Норвешка, Финска, Шведска и Турција.

Мајкрософт наведува дека од почетокот на војната не забележал никакви упади во естонската мрежа. Компанијата тврди дека во некои земји се уште има „значителни слабости во колективната одбрана“.

Цел на шпионажа биле 128 организации, од кои половината државни институции, додека 12 отсто биле невладини, најчесто тинк тенкови или хуманитарни организации. Останатите цели на шпионажа беа телекомуникациски компании, енергетски и воени компании.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија подготвува испорака на стотици генератори во Украина

А1он

Украинската амбасада во Загреб доби крвав пакет со животински очи

А1он

Бугарија ќе и обезбеди на Украина лесно оружје и муниција

А1он

САД сакаат да ги префрлат системите за ПВО од Блискиот Исток во Украина

А1он

Поради сомнителна пратка опсада околу украинскиот конзулат и во Чешка

А1он

Околу 40 проценти од украинската елекетрична мрежа е вон функција

А1он