Се продолжува ролерско-велосипедската патека на кејот на Вардар во Горно Лисиче

Од:

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ја асфалтираат ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Горно Лисиче, на потегот од големиот парк на булеварот „Февруарски поход“ до железниот мост во Горно Лисиче, од десната страна.

Патеката е долга 2.000 метри, а широка четири метри. На терен е направен ископ, нанесен е тампонски слој, рабници и нов асфалтен слој.

Ролерско-велосипедската патека, како што соопшти Град Скопје, претставува продолжување на патеката која се протегаше од мостот „Тодор Александров“ до паркот на булеварот „Февруарски поход“.

– Град Скопје во текот на изминативе неколку години интензивно работи на изградба и реконструкција на велосипедските патеки во градот за да се формира мрежа на обележени и поврзани патеки што на велосипедистите ќе им овозможат без пречки и безбедно да стигнат до посакуваната дестинација, соопшти Град Скопје.

Градските власти потсетуваат дека во рамки на проектот „Скопје Велоград 2017“ се изградени и реконструирани велосипедски патеки во должина од околу 18 километри, а изградени се и ролерско-велосипедски патеки од двете страни на кејот на реката Вардар.

Би можело да ве интересира

Два парка и намален број на станбени површини во Лисиче: Општина Аеродром подготви трета верзија на ДУП-от

А1он

Значително намалени станбените објекти-неофицијално прифатени барањата на граѓаните за Лисиче

Предраг Петровиќ

СДСМ: Антикорупциска да го истражи случајот со парцелите во Лисиче

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Наместо зеленило, бетонизација во Лисиче, ВМРО ДПМНЕ ги изневери граѓаните

Коњаниците од Лисиче се степале со крушевчанец на Мечкин камен

Искра Манојлоска

ФОТО: Пожар во Лисиче, горат десетина автомобили

Кристијан Ландов