СДСМ: Наместо зеленило, бетонизација во Лисиче, ВМРО ДПМНЕ ги изневери граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните на општина Аеродром, пред избори им ветуваше едно, а сега добиваат сосема друго.Граѓаните на Лисиче наместо зеленило добиваат бетонизација, наместо мега паркови – висококатници велат од СДСМ.

– Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски во Лисиче планираат изградба на десетина згради високи и до 10 ката. Со него, ниви купени од инвеститори пред носењето на планот, стануваат градежни парцели и тоа во делот на градот, каде аерозагадувањето континуирано урива рекорди. Деталниот урбанистички план, кој се носи речиси зад грбот на граѓаните, отвора сомневања за корупција за тоа како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за висококатници, како знаеле дека општината ќе одобри градежен бум. Наместо поквалитетни услови за живот и зеленило, граѓаните добиваат бетонизација и градежен бум. ВМРО-ДПМНЕ се покажа како најнеспособна локална власт досега, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага