ВМРО-ДПМНЕ: Длабок поклон пред ликот и делото на 8-те херои

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ длабоко се поклонува пред ликот и делото на 8-те херои, припадници на безбедносните структури на Република Македонија, кои пред 2 години во Куманово во антитерористичка акција ги положија своите животи во одбрана на Република Македонија.

Вечна им слава! Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои!

Сите ние ќе им бидеме вечни должници за нивната неверојатна храброст и пожртвуваност. Жарко Кузмановски, Ненад Серафимовски, Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ и Горан Стојменовиќ, засекогаш ќе останат запишани меѓу хероите кои се бореле и ја создале Република Македонија.

За разлика од нив, Зоран Заев и Оливер Спасовски засекогаш ќе останат на другата страна, меѓу оние кои му свртеле грб на својот народ. На столбот на срамот.

Зоран Заев и Оливер Спасовски треба цел живот да се срамат за своето нечовечко и предавничко однесување и дејствување. Тие треба цел живот да се срамат затоа што денот по антитерористичката акција отидоа и се сликаа селфи смеејќи се на местото на кое пред само неколку часа подмолно беа убиени 8-те храбри синови на нашата држава. Поддржувачите на Заев ги напаѓаа и повредуваа колегите на загинатите херои и на полициските службеници им порачуваа „Куманово пак да ви се случи”.

Срамното и антидржавното однесување на Зоран Заев не престана тука. Зоран Заев оди до крај кога е во прашање газењето врз чувствата на Македонија. Зоран Заев прифати реализација на Тиранската Платформа и со тоа прифати да најде начин да ги пушти на слобода терористите кои ги убија припадниците на полицијата кои ја бранеа Македонија.

Зоран Заев за да дојде на власт се договори од Македонија да направи двојазична држава, да ги промени знамето, химната и грбот на државата, да ги направи банкнотите и униформите на безбедносните сили двојазични, но и да го смени името на државата.

Зоран Заев упорно гази по чувствата на Македонија. Граѓаните се иритирани од ваквите политики на Зоран Заев и неговото антидржавничко и антинационално делување.

Граѓаните не сакаат политичар кој ќе им ја витка кичмата, граѓаните си ги слават и сакат хероите, но и ги паметат и презираат предавниците“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски