Нелсон Мандела имаше успешна операција на отстранување на камен во жолчката, пренесоа американските медиуми, цитирајќи ја канцеларијата на претседателот на Република Јужна Африка.
Според институцијата, операцијата врз 94-годишниот Мандела била изведена денеска.
Мандела е во болница од 8 декември заради белодробна инфекција, но лекарите морале да го подложат на хируршка интервенција нивниот омилен поранешен претседател и борец против расизмот.
-Процедурата беше успешна и Мадиба (како што го нарекуваат Мандела неговите сонародници) заздравува, се посочува во изјавата на претседателството.