По вчерашната иницијатива на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за свикување лидерска средба, кабинетот на претседателот оствари контакт со парламентарните партии. Дел од нив, побараа дополнително време за координација, по што кабинетот на претседателот ги очекува нивните одговори.
– Претседателот Иванов останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот, законите и Деловникот за работа на Собранието, велат за МИА од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.